Current track

Title

Artist


Monday

00:00Monday

Спиеме со пуштено радио. Љубовни балади за мирен сон.

Learn more

05:00Monday

Посебен дел од ноќта во кој повеќето од нас се борат со алармот. Го означуваме почетокот на денот со добра музика и утринско кафенце.

Learn more

08:00Monday

Желбата за убав почеток на денот за секој на ова тешко време за живеење, полно со стресови и проблеми беше голем мотив и инспирација да се концептуира и реализира Утринското реално радио шоу “Буди го петелот“. Во него пред се даваме акцент на убавата балканска забавна ретро музика која за многумина од нас значи убави спомени за едно поубаво време во кое имаше многу повеќе дружење, забава и во кое многу повеќе се ценеа моралните и човечки вредности на кои се базираше се. Тоа време бевме многу послаби технолошки , НО сепак не бевме несреќни, напротив имаше многу повеќе лични контакти, дружење и забава. Покрај музиката која е внимателно одбрана во ова шоу на хумористичен и природен начин се сервираат информации кои не се лесно достапни на секој и секако занимливости, интересни изреки, поуки, досетки кои го прават моментот подобар. Главни улоги во оваа емисија имаат “Петелот“ (кој живее по свое и секогаш се успива) и “Комшиката“ (која по навика е ранобудна и спремна за кафе и оговарање). Тимот кој стои позади реализацијата и концептот на “Буди го Петелот“ е во состав, музика и техника Ди Џеј Пентиум, уредник и водител Горан Шојка. Во целина овој проект кој започна да се емитува на 3 март 2019 година има за цел да Ве насмее, расположи, да го направи  Вашиот работен амбиент подобар, да го разубави утрото во домашен амбиент. Слушатје “Буди го Петелот“ секој работен ден од понеделник до петок од 8 до 10 часот наутро.

Learn more

На Пауза

10:00Monday

10:00Monday

[caption id="attachment_3923" align="alignleft" width="265"] 30643845 - coffee break[/caption] Во предвидениот термин за пауза во работното време или за пауза после утринските домашни обврски секој работен ден од 10 до 12 часот се дружиме во емисијата “На Пауза“. Двочасовно забавно радио шoу од кое во првиот час слушаме само музика, а потоа, вториот час по потреба во зависност од новитетите кои ги имаме за промоција одиме во живо и притоа заедно пиеме кафенце, се релаксираме со добра НОВА музика зачинета со многу информации и занимливости поврзани со најразлични сегменти од живеењето. Уредник, техника и водител Горан Шојка.

Learn more

Време е За…

12:00Monday

12:00Monday

Термин во кој музика бира нашиот најверен и најредовен член Ди Џеј Пентиум. Најдобриот избор на нови и ретро забавни балкански балади. Време е за вистинско уживање.

Learn more

Втора Смена

14:00Monday

14:00Monday

Во периодот на транзиција прва кон втора смена на работното место се опуштате со добра музика која ја бира Пентиум. Нудиме попладневно дружење со најдобрите балкански балади. Наполнете се со свежина и убава енергија, денот е пред Вас.

Learn more

Џубокс

16:00Monday

16:00Monday

Во 120 минути ги презентираме најголемите хитови од 70-тите до денес зачинети со говор и теми за разговор од секојдневието. Емисија во која се е дозволено. Патуваме низ времето со квалитетна музика и говор кои се најава за убаво и опуштено попладне. Напревете убава седенка со најблиските, пуштете радио и почувствувајте ја убавата енергија.

Learn more

Споменар

18:00Monday

18:00Monday

На почетокот на вечерта после сите дневни обврски време е да си обрнеме внимание на себе си и на она што го сакаме. Сето тоа зачинето со добра музика во која може да ја вметнеме Вашата омилена песна. Два часа во кои Вие бирате музика која Вам Ви значи спомен. Термин за уживање со добра музика и за прераскажување на случки од минатото. Совршено време за седенка со најблиските и евоцирање спомени.

Learn more

20:00Monday

На почетокот на вечерта нудиме најдобар избор на љубовни балади кои знаат да го најдат патот до Вашите срца и да Ве задржат тука. Целта е да Ве воведеме во опуштена вечер, а со тоа и да бидеме причина за убав сон.

Learn more

23:00Monday

Ноќната љубовна емисија “Во Новиот Ден“ ја слушате секоја среда од 23 до 01 часот. Во неа се презентираат најдобрите забавни љубовни балади, се разговара на теми поврзани со љубовта, се чита љубовна поезија, се делат љубовни совети. Се за Љубов. Контакт број за СМС пораки и Вибер: 077/571-535 Уредник и водител: Горан Шојка. Техника: Љубиша Смоки.

Learn more
SiteLock