Мартинијан ја промовираше баладата “Оквир преваре“
Written by Pero Marinkovski on 07/06/2021
После одличните “Пола света“ и “Златокоса“, популарниот македонски поп пејач Мартинијан ја промовираше новата песна “Оквир преваре“. Се работи за одлична емотивна љубовна балада за која е изработен спот. Во истиот е прикажана интересна реална љубовна приказна која воодушевува на прво гледање и слушање. Автор на музиката и текстот е Видан Караѓурковски додека аранжманот е на Иле Спасев. Спотот е во режија на Даниел Јовески. Песната е издадена за Гранд продукција каде Мартинијан успешно се претстави со своите изведби во нивното шоу “Звезде Гранда“ во кое стекна голема популарност во балкански рамки. Во прилог ја нудиме одличната емотивна изведба и спотот за песната. Уживајте.